Незири во Отворено: Прв пат имаме ситуација Израел да претрпува толкава штета од нападите на Иран

Новинарот и аналитичар Џелал Незири во Отворено рече дека, ова е прв пат да се водат вакви воени дејствија меѓу Израел и Иран.

Според него, дилемата на западот е дали да има мир со Иран кој поседува нуклеарно оружје или да има војна во моментот откако Иран почна да развива нуклеано оружје.

„Прв пат се случува на вакво ниво да се водат воени дејствија меѓу Израел и Иран, тие се на некој начин во војна откако Израел прогалси независнот, постојан конфликт има меѓу Израел и арапските земји и таму конфликтот стана еден вид нормалност. Се води војна во Израел внатре меѓу Хамас и Израел и надвор со соседите во неколку наврати. Тоа што е дилема кај западот е дали да има мир со Иран кој поседува нуклеарно оружје или да има војна во моментот откако Иран почна да развива нуклеано оружје. Нападот на Израел беше очекуван“, рече Незири.

Тој објасни дека ова е прв пат Израел да претрпи штета од нападите на Иран.

„Прв пат имаме ситуација Израел да претрпува толкава штета од нападите на Иран и лани кога имаше конфликт меѓу двете земји таа железна купола на Израел функционираше нормалано. Сега има штета има и човечки жртви“, додаде Незири.